(ВИДЕО) Кошта го буди својот брат со петарди во кревет


Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Кошта, покажа каков шегаџија може да биде. Жртва на шегата на темпераментниот напаѓач овој пат неговиот брат Жаир.

Двајцата очигледно ја пречекале Новата година заедно, но, секако, братот на Диего најверојатно нема по добро да го памети начинот на кој тој беше разбуден на 31-ви декември. Офанзивниот фудбалер на „јорганџиите“ мислеше дека идеално за целта ќе биде тенџере, полно со пиратки.

Во моментов, Диего Кошта е во Бразил, каде што се опоравува по операцијата на левата нога во почетокот на декември. Се очекува искусниот играч да се врати во игра во февруари.