(ВИДЕО) Заев: Очекуваме поддршка од Германија
Премиерот на Македонија Зоран Заев денеска оствари средба со германската канцеларка Ангела Меркел.
На заедничката прес-конференција тој инаформираше дека ќе се интензивира сорабтоката со Германија и дека очекува поддршка од оваа земја.
Средбата беше во рамки на официјалната посета на владина делегација предводена од Заев на Германија.
Заев ќе има и обраќање во централната канцеларија на Фондацијата „Фридрих Еберт“.
Првата билатерална средба на премиерот Заев со германската канцеларка Меркел се одржа во Трст, во јули, лани, на маргините од Самитот „ЕУ – Западен Балкан“.
Меркел тогаш искажа поддршка за новата македонска Влада за одлучноста за суштински реформи и за определбата за интеграција на Република Македонија во ЕУ.