(ВИДЕО) Десетмина мртви при експлозија на гас во училиште на Крим


Десет лица загинаа, а 40 беа повредени при експлозија на гас во пристанишниот град на Кримскиот Полуостров, Керч, објави РТ.

Моќна експлозија го потресе Политехничкото училиште во Керч, во источниот дел на Крим.

Експлозијата одекна во попладневните часови по локално време. Порталот РТ објави дека најмалку 10 се загинати, а 40 се повредени.