(ВИДЕО) Десетина француски полицајци брутално претепаа демонстрант
Франција деновиве се соочува со немири низ целата земја. Протестите на „жолтите елеци“ поради зголемување на данокот на горивата прераснаа во насилни во кои на многу места низ земјата имаше нарушување на јавниот ред и мир. Полицијата и демонстрантите се судрија, па полицијата употреби солзавец и водени топови.
На социјалните мрежи беше објавена видеоснимка од брутално претепување на еден од демонстрантите.
Десетина полицајци соборија еден од демонстрантите на тротоар и брутално го тепаа со пендреци додека тој беспомошно лежеше на земја.