Велешанец се бори за живот откако испил половина литро „доместос“
Дваесет и осум годишен велешанец бил донесен синоќа во 19:15 часот во ЈЗУ Општа Болница – Велес, откако се затрул со испивање на половина литар „Доместос“ и 50 грама „Арф“, информираат од СВР Велес.
Како што информира портпаролот Верољуб Додевски по извршениот лекарски преглед било констатирано дека е во животна опасност и со возило на Брза помош бил однесен во Државна болница – Скопје на натамошно лекување.
СВР Велес информира дека вчера околу 10:00 часот во Велес на ул. „Нада Бутнкошарова“ патнички автомобил марка “Фиат Пунто“ со велешки регистарски таблички управуван од С.Д.(36) од Велес удрил во пешак Б.Ц. (75) од Велес, кој се наоѓал на улицата.
– По незгодата повредениот пешак со возилото учесник во незгодата е однесен на лекарски преглед кај матичен лекар, а од таму е пренесен во ЈЗУ Општа болница Велес каде се константирани телесни повреди и по извршениот преглед е пуштен дома, информира Додевски.
Увид на местото на настанот изврши екипа од СВР Велес.