Британскиот бенд „Тексас“ доаѓа во Скопје


Една од најголемите британски поп-рок атракции на сите времиња „Тексас“ за првпат доаѓа на Балканот. Тие ќе бидат хедлајнери во сабота на 23 јуни, на вториот фестивалски викенд на „Скопје колинг“ во организација на Авалон продукција.

„Тексас“ до 2018 година имаат продадено албуми во 40 милионски тираж, потоа, неверојатни 13 синглови кои се најдоа во престижната британската топ 10 листа, три албуми кои се најдоа на врвот на листата и осум албуми на топ 10 листата, вклучувајќи го и последниот студиски албум „Jump On Board“ кој е издаден во мај 2017 година.

„Се разбира дека пејачката Шарлин Спитери ги носи во Скопје сите свои хитови: „Say What You Want“, „Inner Smile“, „I Don`t Want A Lover“, „Summer Sun“, „In Demand“ и уште многу други хитови и очекуваме навистина едно извонредно шоу за сите генерации. Сите детали околу влезниците ќе бидат познати на 06-ти март, во 21 часот“, се вели со соопштението на Авалон продукција.