Бобан Илиќ во притвор ќе ја чека правосилноста на пресудата


Бобан Илиќ, кој во 2016 година со своето возило го усмрти четиригодишниот, Алмир Алиу, по барање на обвинителството е однесен во притвор до правосилноста на пресудата и отпочнување на издржување на казната, пишува Макфакс.

Кумановскиот суд во четвртокот му изрече на триесетгодишниот Илиќ затворска казна во траење од 6 години за делото кое го извршил по расправијата што ја имал со таткото на Алмир, а на барање на обвинителството, судот ја одобри мерката притвор за него.