Бесплатен одмор на работници со ниски приходи


Министерството за економија го објави огласот за користење одмор за работниците со ниски приходи. Потврдата е во износ од 15.000 денари, а може да ја користат семејства чии приходи не надминуваат 22.000 денари.

– Целта на овие проекти е да им се овозможи на лицата со ниски приходи да искористат годишен одмор и во исто време да им се помогне на туристичките центри во зголемување на обемот на работа надвор од туристичка сезона, се наведува во јавниот повик.

Едно лице може да поднесе само едно барање за пријавување интерес за користење средства за организиран одмор. Потврдата се издава по принципот „прв дојден, прв услужен“, а може да се искористи најдоцна до 30 ноември 2018 година во угостителските објекти од пријавените за сместување.