Барак и Мишел Обама ќе имаат свое шоу на телевизија
Поранешниот претседател на САД, Барак Обама и неговата сопруга Мишел преговараат со популарната интернет ТВ мрежа „Нетфликс“ за свое шоу, пренесе „Њујор Тајмс“, повикувајќи се на извори упатени во разговорите.
Советникот на Обама, Ерик Шулц, изјавил дека Барак и Мишел веруваат дека приказни за животот имаат моќ да ги инспираат луѓето. Затоа истражуваат нови начини да им помогнат на луѓето со свои приказни.
Портпаролката на семејството Обама и од мрежата „Нетфликс“ одбиле да ја коментираат информацијата.