Апсурд? Фудбалер вратен на терен од соблекувална за да добие црвен картон


На натпреварот на полскиот шампионат меѓу Легија и Краковија се случи чудна ситуација која ја предизвика системот VAR.
Главниот арбитер на мечот одлучи да покаже жолт картон за Вилијам реми и со тоа го прати во соблекувална.
Но, судијата потоа го прекина натпреварот, а од VAR собата му сугерираа да го повика фудбалерот на терен и да му даде црвен картон.
Во тој момент го повика Реми на терен, па играчот помисли дека потполно се враќа во игра. Но, тоа не се случи, туку арбитерот му покажа директен црвен картон, по што овој остана збунет.
Разлика меѓу втор жолт и црвен картон постои, поинаква е казната, но ова уште еднаш покажа каков хаос може да направи VAR системот.