Анте Чориќ и официјално потпиша за Рома


Младиот хрватски фудбалер Анте Чориќ од денеска и официјално е член на Рома.

Досегашниот фудбалер на загребски Динамо потпиша петгодишен договор со италијанскиот клуб.

Вредноста на трансферот е шест милиони евра, односно 21-годишниот Чориќ ќе заработува 1,2 милиони евра по сезона.

А Динамо ќе заработи седум милиони евра плус бонуси.

Чориќ подолго време важи за еден од најталентираните млади фудбалери во Европа, а во Димано дебитираше со само 17 години.