Англичани нападнале двајца скопјани и побегнале


Двајца Англичани се приведени во полиција поради напад на двајца скопјани. Според полицијата, вчера во 23:30 часот во трговски центар во Скопје Р.Ф.Б.(58) и Д.В.Е.(54) од Англија го нарушиле јавниот ред и мир со физички напад врз А.Ј.(29) и С.Н.(28) од Скопје.

По нападот тие побегнале со такси-возило, но набргу потоа биле пронајдени и приведени во Полициската станица Центар за понатамошно постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.