Амбасадата на Русија се сомнева во автентичноста на соопштението на Јулија Скрипал
Руската амбасада во Лондон соопшти дека се сомнева во автентичноста на соопштението, кое Скотланд јард го објави синоќа во име на ќерката на двојниот шпион Сергеј Скрипал, Јулија.
– Како и претходно, сакаме да бидеме сигурни дека тоа е навистина соопштение на Јулија. Имаме голем сомнеж во врска со тоа. Текстот очигледно е формулиран така за да ги поткрепи официјалните соопштенија на британските власти и истовремено да ги исклучи можните контакти на Јулија со надворешниот свет т.е, со конзулите, новинарите, роднините, соопшти Амбасадата.
Јулија Скрипал (33), која минатиот месец, заедно со нејзиниот татко, беше отруена во Велија Британија, соопшти дека не ги сака понудените услуги на Амбасадта на Русија во Лондон , а тоа соопштение, во нејзино име, го издаде британската полиција.
Јулија Скрипал во соопштението наведе дека нејзиниот татко и натаму е сериозно болен и оти таа се уште ги чувствува последиците од нервниот агенс.
– Имам пристап до пријателите и семејството и знам дека моите контакти во Руската амбасада љубезно ми понудија помош. Засега, не сакам да ги користам нивните услуги, но ако се предомислам, знам кого да контактирам, наведува во соопштението Јулија Скрипал.
Таа вели дека болницата во англискиот град Солсбери, од која беше отпуштена во понеделникот, е „лекувана со очигледна клиничка стручност и исклучителна љубезност“.
Јулија напоменува дека уште не е доволно силна за да може на медиумите да им даде изјава и оти коментарите на нејзините роднини за руските медиуми не можат да се сметаат за нејзини ниту за коментари на нејзиниот татако.
– И благодарам на роднината Викторија што се грижи за нас, но ја замолувам да не ме посетува и да не се обидува ме контактира, за сега, се наведува во соопштението на Јулија.
Болницата во Солсбери, во која Јулија и нејзиниот татко Сергеј беа на лекување по труењето на 4 март, соопшти дека Јулија е отпуштена, додека татко и е задржан на лекување. Оттаму наведуваат дека Јулија е префрлена на „безбедна локација“.
Велика Британија ја обвинува Русија дека стои зад труењето со неверн гас, развиен во времето на Советскиот Сојуз, додека Русија негира каква било вмешаност.