Албанската полиција заплени 613 килограми кокаин вреден 180 милиони евра


Албанската полиција официјално потврди дека во пристанишниот град Драч биле запленети 613 килограми и 350 грама кокаин, кој на пазарот достигнува вредност од 180 милиони евра.

– Дрогата, спакувана во 528 пакетчиња, беше во контејнери со двојно дно, натоварени со банани. Тргнала од Колумбија, минала транзит преку Италија во Малта по што со брод пристигнала во Драч на 19 февруари од кога беше набљудувана постојано од полицијата, изјави генералниот директор на албанската полиција Арди Велиу.

По размената на информации со полициите на други земји, како и ДЕА, акцијата „Последен снег“ (Last Snow) посочи тој, албанската полиција ја почнала синоќа во пристаништето, во моментот кога легалниот товар со банани беше преземан од страна на фирмата нарачател „Арбри Гарден“, сопственост на албанскиот државанин А.Ч.

Потоа,според Велиу, продолжило набљудувањето се до магацинските простории на фирмата, по што било интервенирано. При контрола на контејнерите со кучиња трагачи на наркотици, била откриена дрогата.

Во акцијата уапсени се двајца државјани на Албанија, а по сопственикот на фирмата полицијата сеуште трага.

Албанската полиција, соопшти дека ја продолжува истрагата, во соработка со странските партнери, со цел да се разветли целосно патот по кој минала дрогата, како и поврзаноста на други лица. Во Албанија надлежните органи ќе вршат контрола на потеклото на имотот на уапсените и на сопственикот на фирмата