Авион на Визер принудно слетал во Софија поради удар од гром


Авион на компанијата Визер, кој летал од Грузија до Кавала, бил принуден да слета на аеродромот во Софија поради удар од гром, јави грузиската телевизија Рустави – 2.

Во авионот  имало 170 патници и членови на екипажот. Никој не е повреден.

На аеродромот во Софија, како што пренесува бугарската новинска агенција БТА, во моментот се врши контрола на авионот.