Зошто витаминот Д е неопходен за жените над 50 години?


Еве зошто на жените над 50 години им е потребен витамин Д.

Многу навики се погодни за пофункционален метаболизам, како здрава исхрана, редовен сон, доволна физичка активност и внес на течности, пишува веб-страницата Mind Body Green. Но, истражувањата покажуваат дека земањето витамин Д е од големо значење за здравјето на организмот.

Клиничкото испитување кое беше спроведено, покажа дека жените на возраст меѓу 50 и 65 години кои земале дневен додаток на витамин Д девет месеци покажале поздрави нивоа на адипонектин и резистин.

Како прво, што се адипокинските хормони и како тие влијаат на метаболичкото здравје?

Адипокините се хормони секретирани од масното ткиво кои играат улога во клучните метаболички дејства како што се регулацијата на инсулинот, кардиоваскуларните и имунолошките функции.

Адипонектинот е директно поврзан со согорувањето на мастите, ниските нивоа помагаат да се складираат маснотиите додека нормалните (повисоки) нивоа ги согоруваат. Исто така, поддржува здрав и правилен проток на крв низ артериите.

Како витаминот Д ја поттикнува рамнотежа на хормоните и шеќерот во крвта?

По девет месеци суплементација на витамин Д, учесниците забележаа 19% зголемување на нивото на адипонектин и 32% намалување на нивото на резистин. Балансирањето на овие хормони е корисно за широк спектар на метаболички функции.

Земањето квалитетен додаток на витамин Д секој ден има огромен број здравствени придобивки, вклучително и поддршка на здрава рамнотежа на адипокинските хормони, кои се поврзани со рамнотежата на шеќерот во крвта, здравата тежина и кардиоваскуларното здравје.