Зошто се штрекнуваме во сон и сонуваме дека паѓаме?


Еве зошто се грчиме во сон и што се случува во нашето тело!

Дали некогаш сте имале чувство дека паѓате во „провалија“ за време на спиењето или толку силно се грчите што за малку ќе паднете од кревет? А ова ви се случува кога само ќе заспиете или среде ноќ? Овој необичен феномен се нарекува хипнотички штрек и има неколку причини за неговото појавување.

Што е штрекнување во сон?

Како што чувството за свест се намалува додека се приближуваме до длабок сон, мозокот почнува да работи поинаку отколку кога сме будни. За време на преминот од будност во сон, може да се појави хипнотичко грчење. Хипнотичкото грчење е ненадејно движење, тоа чувство што го добиваме кога нешто наеднаш ќе не исплаши.

Ова чудно движење е резултат на миоклоничен спазам, ненадејно и неволно грчење на мускул или група мускули што може да се појави самостојно или во серија, со или без причина. Икањето, на пример, е уште една многу честа форма на миоклонични грчеви.

Хипнотичкото штрекнување обично се состои од една контракција и е поврзано со чувство на паѓање, почеток на сон (или визуелен или аудитивен) или живописна хипнагогична халуцинација (произведена кога личноста заспива). Некогаш е придружен со сон кој има тема на паѓање – си промашил чекор, си зачекорил во празнината… Но понекогаш се случува и без тоа.

Зошто се грчиме во сон?

  • Хипнотичките грчеви обично се појавуваат кога некое лице заспива. Вообичаено е овие штрекнувања да предизвикуваат конфузија за тоа кога всушност започнува сонот и дали сонуваме или не. Иако нивната причина не е многу јасна, а достапните информации се ограничени, научниците веруваат дека тоа се можеби некои од причините за нив.
    Физичка активност – доколку вежбавте навечер, можно е телото да биде престимулирано и тешко да заспиете.
  • Анксиозност и стрес – загрижени сте, ве мачат многу, не можете да се опуштите? Анксиозноста или стресот може да го одржат мозокот активен подолго отколку што е потребно, што значи дека може да испраќа предупредувачки сигнали дури и додека спиеме.
  • Кафе пред спиење – има многу причини зошто тоа не е добра идеја, но знајте дека ќе го стимулира телото и ќе влијае на способноста на телото да спие природно и длабоко.
  • Премалку сон – нарушувањата на спиењето и лошите навики за спиење исто така може да се поврзат со овие грчеви.

Покрај овие можни причини, постои уште една интересна теорија со еволутивна перспектива која објаснува зошто се појавуваат хипнотички грчеви. Според истражувањето на Универзитетот во Колорадо, овие грчеви би можеле да бидат архаичен рефлекс што се јавува кога мозокот погрешно го протолкува природното опуштање на мускулите за време на спиењето како ризик да падне од дрвото на кое некогаш спиеле нашите предци. Оваа теорија не е докажана, но секако е интересна ако сакате психологија и еволуција.