Зошто принцеза Дајана не носеше Шанел по разводот?


Англија-Принцезата Дајана, една од највлијателните икони на стилот на 20 век, беше позната по тоа што носеше многу класични и скапи дизајнерски брендови, од Џими Чу до Кристијан Диор. Но, имаше една модна куќа што ја избегна по многу јавниот развод од принцот Чарлс.

Според дизајнерот Џејсон Брундсон, кој разговарал со Harper’s Bazaar Australia во врска со соработката со Дајана во 1996 година, Дајана не можела да го носи Шанел заради иконското двојно лого на етикетата.

“Таа ќе видеше поврзани СС и тие само ќе ја потсетеа на Чарлс и Камила. Иако сотогаш обожаваше да носи чевли на брендот , со златен прав врз логото.“

Принцезата Дајана се раздели од принцот Чарлс во 1992 година, откако дозна за неговата афера со Камила Паркер Боулс. Во сите интервјуа за разделбата на Би-Би-Си, Дијана изјавуваше: „Имаше тројца од нас во овој брак, па беше малку преполно“. Разводот на Дајана од принцот Чарлс беше финализиран во 1996 година.