Зошто Норвешка ѝ подарува елка на Велика Британија секоја година?
Норвешка ја подарува елката како симбол на нејзината благодарност за поддршката на Обединетото Кралство за време на Втората светска војна
Секоја година од 1947 година, жителите на Норвешка ѝ подаруваат на Велика Британија елка која ќе биде поставена на плоштадот „Трафалгар“ за време на празничниот период.
Една од првите работи што ќе ги забележите ако се најдете во близина или околу плоштадот „Трафалгар“ во Лондон на Божиќ е елка висока 20 метри изложена за сите да уживаат.
Дрвото се поставуа секоја година и е подарок од Норвешка за Велика Британија. Светлата обично се вклучуваат на почетокот на декември за да го одбележат одбројувањето до Божиќ.
Оваа година дрвото ќе биде осветлено во четврток на 7 декември.
Претходно оваа недела, корисниците на социјалните мрежи објавија дека го виделе транспортот на дрвото, пред неговото официјално откривање.
One fun thing about riding through London at 5am is spotting a massive Christmas tree on the back of a lorry, heading to Trafalgar Square? #itschristmas! pic.twitter.com/bDqQzuSjXE
— Tom Swaffield-Bray (@tom_bray) December 4, 2023
Овогодинешното дрво беше исечено во шумите околу Осло и беше старо околу 70 години.
The Trafalgar Square Christmas Tree has arrived, ready to be put up! pic.twitter.com/uSoODaKvH2
— dan barker (@danbarker) December 4, 2023
Полумртво
За корисниците на социјалните мрежи, само по себе стана годишна традиција да се потсмеваат на изгледот на дрвото. Поради оваа причина, дрвото на плоштадот „Трафалгар“ може да се смета за едно од најпознатите (или најозлогласените) во светот.
Еден корисник на социјалните мрежи рече дека дрвото изгледало полумртво во објава на X/Twitter.
The Christmas tree in #Coventgarden is 10x better than the half dead tree in #Trafalgarsquare
— Unite (@activistpreach) December 4, 2023
Друг се пошегува дека дрвото на британската сапуница „Eastenders“ е многу поимпресивно.
The tree in Albert Square #EastEnders looks much better than the tree in #TrafalgarSquare how embarrassing
— Tina B (@Teena35) December 5, 2023
Сепак, не сите на социјалните мрежи беа толку брзи да ја проценат состојбата на дрвото. Многумина истакнуваат дека дрвото се доделува како симбол на благодарност и соработка од Норвешка до Велика Британија.
Многу од забелешките на противниците можеби се покажаа како кратковиди, бидејќи дрвото подоцна беше забележано дека изгледа многу поздраво и пополно откако ќе се среди. На X/Twitter налог за дрвото, каде се поставија нови фотографии во понеделникот, се гелда дека дрвото изгледа поимпресивно.
Looks like you spoke to soon, look at me now! 🎄✨
…Also it’s not always about what’s on the outside, this is a beautiful tradition which I hope will carry on for years to come ❤️ https://t.co/7Cqwr3nsLg pic.twitter.com/bu1QhFFTLj
— Trafalgar Square Tree (@trafalgartree) December 4, 2023
Знак на норвешка благодарност
Традицијата на Норвешка да ѝ подарува дрво на Велика Британија секој Божиќ датира од пред 75 години до неколку години по Втората светска војна.
На годишниот настан, луѓето од Норвешка ѝ подаруваат на Велика Бротанија, норвешка смрека, висока приближно 20 метри, често избрана со месеци или понекогаш години однапред, како знак на нивната благодарност за поддршката на Велика Британија за Норвешка за време на Втората светска војна.
Дрвото, обично старо 50-60 години кога е подготвено да се исече, се сече за време на церемонијата на која присуствува британскиот амбасадор во Норвешка, градоначалникот на Осло и градоначалникот на Вестминстер во ноември.
Во продолжение погледнете видео од овогодинешната церемонија на британскиот амбасадор во Норвешка, Јан Томпсон.
Cutting down the Christmas Tree 🌲 destined for #TrafalgarSquare is not an easy job…But it’s a beauty!
Can’t wait to see it lit up in London. Thank you Norway!
🇬🇧 ❤️ 🇳🇴 pic.twitter.com/5nVDydA9Ou— Jan Thompson (@JanThompsonFCDO) November 24, 2023
Кога ќе се постави во Лондон, има плоча на која пишува: „Ова дрво е дадено од Градот Осло како знак на норвешка благодарност до жителите на Лондон за нивната помош во текот на 1940-45 година“.
Додека годишната традиција датира од пред седум децении, првата елка всушност беше подарена во 1942 година.
За време на рацијата на островот Хисој помеѓу Берген и Хаугесунд, западна Норвешка, борецот на отпорот Монс Урангсваг исекол норвешки бор и го испратил назад во Англија како подарок за прогонетиот крал Хакон.
Кралот Хакон одлучил да го предаде подарокот на Обединетото Кралство и така било подигнато на плоштадот „Трафалгар“, иако без светла поради редукциите на струја.
Дрвото на „Трафалгар“ е само едно од многуте што Норвешка секоја година ги испраќа во Британија. Неколку други градови добиваат дрвја од нивните колеги во норвешките градови.