Зошто не треба да пиете вода од пластично шише


Резултатите објавени во стручното списание Microplastics покажаа дека пиењето од пластични шишиња може да го зголеми крвниот притисок како резултат на влезот на микропластиката во крвотокот.

Истражувањето спроведено од научници од Австрија откри дека крвниот притисок значително се намалил кога учесниците престанале да консумираат течности од пластични шишиња и пиеле само вода од чешма во период од две недели.

На почетокот и за време на студијата беше измерен крвниот притисок на учесниците. По две недели, забележан е значителен пад на дијастолниот крвен притисок.

– Врз основа на резултатите, кои укажуваат на намалување на притисокот во комбинација со намалена потрошувачка на пластика, претпоставуваме дека пластичните честички присутни во крвотокот придонесуваат за зголемен крвен притисок – изјавиле научниците.

Да потсетиме дека микропластиката се создава како резултат на распаѓање на пластичните производи под влијание на хемиски, физички и биолошки процеси во нивната околина, а еден од примерите се струготини од автомобилските гуми предизвикани од триење.