Зошто најголемите компании од Силиконската долина инвестираат милијарди во Индија


Извршниот директор на „Мајкрософт“, Сатја Надела со Мукеш Амбани за време на технолошки самит во Мумбаи, Индија

Од почетокот на 2020 година, најголемите имиња во американската технологија инвестирале околу 17 милијарди долари во Индија.

Амазонвети една милијарда американски долари во јануари, Фејсбуккон крајот на април инвестираше речиси 6 милијарди американски долари, а Гуглги надмина сите нив минатата недела со заложба од 10 милијарди американски долари. Тие се дел од бранот инвестиции во технолошката индустрија во Индија оваа година кои сега достигнуваат над 20 милијарди американски долари, при што повеќето доаѓаат од Соединетите држави.

Пред само неколку месеци кога сите овие технолошки компании беа на удар на индиските регулатори, а нивните извршни директори наидуваа на студен прием при посетите на Њу Делхи, големината и изворите на тие инвестиции се чинеа многу малку веројатни, ако не и целосно незамисливи.

Оттогаш многу работи се сменија. Коронавирусот се провлекува низ светската економија, особено погодувајќи ја Индија. Дипломатскиот спор на Индија со Кина се преточи во технолошки, на линија со недовербата која администрацијата на Трамп ја има кон кинеските компании. И додека Индија отсекогаш била голем влог за американските технолошки фирми, намалениот обем за технолошка соработка со Кина и новите закани за нивното основање на места како што е Хонг Конг, даваат ново значење на индискиот пазар.

Но, поплавата на инвестиции, исто така, истакнува нешто што сега е точно со години: дигиталната економија на Индија, со повеќе од 700 милиони корисници на Интернет и приближно половина милијарда што допрва доаѓаат онлајн, едноставно е преголема награда за големите технолошки компании за долго да ја игнорираат.

Луѓето веруваат дека на долг рок Индија ќе биде добар пазар и долгорочно нејзините регулативи ќе бидат доволно фер и транспарентни“, вели Џеј Гулиш, кој ја предводи технолошката политика во групата за застапување САД-Индија бизнис совет. „Мислам дека ова е само… продлабочување на корените што веќе постојат“.

Факторот Кина

Силиконската долина со години во голема мера беше затворена од Кина, делумно благодарејќи на масовниот механизам за цензура во земјата, наречен Голем огнен ѕид. И контроверзниот нов закон за национална безбедност, воведен во Хонг Конг, каде услугите на Гугл и Фејсбук се сè уште достапни заради неговиот релативно непречен интернет, би можел да ги оддалечи уште повеќе.

Законот им дозволува на властите во Хонг Конг да ги регулираат технолошките платформи, вклучително и да им наредат да ги симнат објавите што ја загрозуваат кинеската национална безбедност или го ограничуваат пристапот до нивните услуги. Фејсбук, Гугл и Твитер соопштија дека ќе престанат да ги споделуваат податоците со владата на Хонг Конг, додека „ТикТок“ го напушти градот целосно.

Се потешко е да се работи со Кина“, вели Марк Лемли, директор на програмата за право, наука и технологија на универзитетот Стенфорд. „Исто така, расте чувството дека водењето бизнис со Кина вклучува вознемирувачки морални компромиси“.

Недовербата на САД кон кинеската технологија продолжува да расте. Претседателот Доналд Трамп минатата недела побара да се спречат плановите за проширување на кинеската технолошка компанија „Хуавеи“, а неговата администрација соопшти дека „разгледува“ забрана за исклучително популарна апликација за кратки видео форми „ТикТок“, во сопственост на кинескиот „ByteDance“.

Тоа е чекор што само дополнително ќе ги стават САД во линија со Индија. Индиската влада го забрани „ТикТок“ и десетици кинески апликации минатиот месец, по граничниот судир меѓу двете држави во кои загинаа 20 индиски војници, што доведе до повици за бојкот на кинеските производи. И покрај тоа што технолошките односи на Индија со Кина сè уште се длабоки – кинеските смартфони доминираат на индискиот пазар, а повеќето од најголемите стартапи во Индија имаат значителни кинески инвестиции – неодамнешните тензии би можеле да ги зајакнат долгогодишните технолошки врски на Индија со САД.

Индија и нејзините соседи од Југоисточна Азија се обидоа да ги балансираат двете сили со тоа што создадоа поголеми економски врски со Кина, додека се држат до безбедносниот чадор што го обезбедуваат Соединетите држави“, вели Рави Шанкар Чатурведи, директор за истражување на Институтот за бизнис на Универзитетот Тафтс. „Кина, преку неодамнешните активности, ефикасно ги испорача САД во Индија“.

Чатурведи и други експерти посочуваат дека Индија и САД имале долготраен технолошки релации, со илјадници индиски инженери кои работат во Силиконската долина и Индијците кои моментно се на чело на Гугл, Мајкрософт и неколку други американски компании.

Постои природна синергија меѓу Индија и Соединетите држави во дигиталното подрачје“, вели Гулиш, додавајќи дека поттик за употреба на Интернетот од индиските домаќинства кои се дружат и работат повеќе од нивните домови за време на пандемијата на коронавирус може дополнително да ја зајакнат привлечноста на Индија како пазар. „Лесно е за американските компании да бараат можности во Индија“, вели тој.

Најбогатиот станува побогат

Во исто време кога американските технолошки компании го разгледуваат пазарот во Индија, најбогатиот човек во Азија се чини дека се позиционира како спремен чувар.

Најголем дел од технолошките инвестиции во Индија оваа година – вклучувајќи ги сите на Фејсбук и речиси половината од Гугл – преминаа во благајните на компаниите контролирани од индискиот милијардер Мукеш Амбани. „Џио платформи, дигиталната подружница на конгломерат Reliance на Амбани, собра повеќе од 20 милијарди американски долари од крајот на април од компании, венчр капиталисти и фондови кои бараат да го користат како брз канал за масовната дигитална економија во Индија.

Џио“ започна како мобилна мрежа во 2016 година и брзо собра речиси 400 милиони претплатници. Со неодамнешните препади во е-трговијата, дигиталните плаќања, услугите за стриминг, па дури и платформата за видео конференција слична на „Зум наречена JioMeet, Амбани се чини дека бара да ја претвори компанијата во сеопфатен индиски екосистем.

И Силиконската долина јасно сака да влезе внатре.

Американската технологија не успеа да навлезе во Големиот Огнен ѕид на Кина’, но беше полесно да влезе во Големиот Пејвол на Индија’ создаден од ‘Џио’; се што требаше да стори беше да му плати на ‘Reliance патарина за влез“, вели Чатурведи.

Една од најголемите компании во Индија, управувана од најбогатиот човек во земјата, „Reliance“ има огромно локално влијание и е нема пречки за многуте регулативи за складирање на податоци и е-трговија што се испречуваат на патот за Фејсбук, Гугл и Амазон.

Ниту еден глобален учесник не можеше самиот да успее брзо, како што тоа може ‘Reliance’“, вели Чатурведи. „Голем дел од регулативата за е-трговија и законите за локализација на податоците се под влијание на ‘Reliance’“.

Бидејќи администрацијата на Трамп се повеќе ја затвора американската економија од остатокот на светот, Силиконската долина ќе погледне подалеку за да го прошири својот дострел, смета Лемли. И Индија е зрела за ваквиот избор.

Иако за мене е болно да го кажам ова, САД ни оддалеку не се привлечно место за иновации како што беа пред пет години“, вели Лемли. „Како што администрацијата на Трамп прави се потешко да се доведат најдобрите и најпаметните луѓе од целиот свет во Силиконската долина, мислам дека технолошките компании можеби гледаат кон светот во кој веќе не сме центарот на иновациите“. (Си-Ен-Ен)