Зошто младите ја напуштаат Македонија и што презема државата?


Две третини од младите во Северна Македонија би ја напуштиле земјата доколку им се укаже можност – ова е еден од најзагрижувачките податоци од најновото истражување на Westminster Foundation for Democracy (WFD) за социо-политичкото учество на младите. Оваа статистика не е нова, но останува алармантна. Младите ја гледаат својата иднина надвор од границите на Македонија, а како главна причина го посочуваат квалитетот на животот што го имаат денес.

Овој поим – квалитет на живот – во себе ги сублимира сите горливи проблеми на младите: лошиот образовен систем, ниската финансиска моќ, недостигот на јавни услуги, корупцијата, недовербата во институциите и ограничените можности за професионален развој. Додека анализите постојано ги посочуваат причините за оваа состојба, клучното прашање што се наметнува е: што презема државата за да го промени овој тренд?

Агенцијата за вработување за Трн.мк сподели статистика за бројот на искористени мерки за вработување и самовработување во 2024 година. Податоците ја отвораат дилемата – дали овие програми реално ги мотивираат младите да останат во земјата или се само делумно решение што не ги адресира длабоките проблеми?

Од една страна, институциите уверуваат дека преземаат конкретни чекори за подобрување на можностите за младите, но од друга страна, Националниот младински совет на Македонија укажува дека мерките не се доволни и не одговараат на вистинските потреби на младите. Дали младите навистина добиваат шанса за подобра иднина дома или миграцијата останува нивниот единствен излез?

Во продолжение следи анализа на официјалните податоци од Агенцијата за вработување и разговор со Бобан Јаневски од АВРСМ и ставовите на претседателот на Националниот младински совет на Македонија, Филип Ивковски.

Со Гаранција за млади (ГМ) на младите лица (15-29 години) во период од четири месеци по евидентирање во евиденцијата за невработени лица им се понудува вработување, континуирано образование и обука, односно вклучување во некоја од активните програми и мерки за вработување.

 

„Во 2024 година имплементацијата на Гаранцијата за млади успешно се реализираше на целата територија на Република Северна Македонија, со посебен акцент на NEET-млади лица (лица кои се невработени, не се вклучени во образование или обука). Планираниот опфат на учесници во Гаранција за млади на целата територија на државата кој беше околу 10.000 млади лица е успешно надминат и оваа година се регистрирани 21641 младо лице од кои 11032 се жени.

Програмата се смета за успешна доколку најмалку 30% од вклучените лица во ГМ, успешно излезат од истата во период од 4 месеци, односно ќе бидат вработени, повторно вклучени во образовниот процес или ќе бидат вклучени во активни програми и мерки за вработување. Според нашата евиденција минатава година во период од 4 месеци по влегувањето во младинска гаранција се вработиле 6892 лица од кои 3643 се жени и 1536 лица од кои 898 жени станале учесници во останатите активните мерки на агенцијата. Процентот од 38,9% активни учесници ја прави МЛАДИНСКА Гаранција успешна програма и не мотивира да продолжиме понатаму со нашата соработка со младите лица“, за Трн изјави М-р Бобан Јанески, Виш Соработник за активни мерки за вработување при Центар за Вработување на Град Скопје, АВРСМ.

целиот текст прочитајте го на трн.мк