Зошто јужнокорејските политичари јавно си ги бричат главите?

 

Јужнокорејскиот опозициски лидер е последен во низата политичари кои јавно ја избричија главата во знак на протест против владата, пишува Би-би-си.

Хванг Кјо-ан ја избричи главата во понеделникот пред приврзаниците и новинарите пред претседателската палата, пренесе Индекс.хр.

Опозицијата на тој начин протестира против министерот за правосудство Чо Кук чие семејство е замешано во корупциски скандали.

Од истата причина минатата недела главите ги избричија и две пратенички.

Сите се функционери на конзервативната партија која се противи на владата на претседателот Мун Џеин од кој бараат да го смени Чо.

Чо Кук, поранешен професор по право близок до претседателот, должноста ја презеде минатиот месец.

Неговите критичари се лутат затоа што Мун го именуваше покрај сериозните обвиненија за финансиски и академски малверзации на челнови од неговото семејство.

Неговата сопруга, исто така професорка, обвинета е дека го лажирала материјалот кој ѝ помогнал на нивната ќерка да се запише на факултет и да добие стипендија, на што се побуниле други студенти.

Обвинителите исто така истражуваат наводна измама во еден фонд поврзан со родина на Чо. Истражителите минатите неколку недели изведоа неколку рации во врска со членови на семејството на министерот.