Зошто Јапонците седат на подот кога јадат? – Навики кои го продолжуваат животот


Сините зони ги нарекуваме региони во светот каде живеат најмногу стогодишници. И не само што е висок просечниот животен век на нивните жители, туку на овие делови од планетата има многу малку случаи на болести кои се главни причини за смрт во други земји, како што се срцевите заболувања, деменција и рак.

Секој сака да ја знае тајната на долговечноста на луѓето од сините зони. Она што е познато е дека многу се грижат за превенција, не чекаат да се развие болеста, па ја лекуваат, но внимаваат да не дојде. Тие се хранат здраво, одржуваат блиски односи во нивните заедници и продолжуваат понатаму.

Една сина зона има многу специфична античка, но едноставна практика која ги одржува нејзините жители здрави цел живот. Жителите на Окинава во Јапонија речиси секогаш седат на подот, без разлика дали читаат, уживаат во дружењето со саканите или дури и јадат!

Но, каква врска има седењето на под со нивното здравје и виталност?

Многу е едноставно и се е објаснето на веб-страницата посветена на жителите на сините зони и нивните животни навики. Бидејќи жителите на Окинава речиси постојано седат на подот, тие исто така се принудени да стануваат често, многу повеќе отколку во многу други делови на светот.

„На овој начин тие ги вежбаат нозете, грбот и стомакот додека се спуштаат и стануваат цел ден. Седењето на подот исто така го подобрува држењето на телото и ја зголемува севкупната сила, флексибилност и подвижност“, стои во објаснувањето на оваа страница.

Истражувањата исто така покажуваат дека овој тип на вежбање и секојдневни активности може да ви помогнат да живеете подолго. Според една популарна студија од „European Journal of Preventive Cardiology“, неможноста да се стои подолго или да се седи на подот всушност е поврзана со пократок животен век.