Зошто децата и младите го сакаат „ТикТок“ – Три работи кои што родителите треба да ги знаат


ТикТок е најновата и, во моментов, најпопуларната социјална мрежа за млади. Предизвиците за тоа се причина за зголемена загриженост бидејќи последното – „Блекаут“ (затемнување, фигуративно несвест) – веќе доведе до губење на млади животи.

Да се потсетиме, додека се снимаа на ТикТок, несреќните жртви се обидоа да се доведат до несвест со задушување и предизвикаа смрт.

За почеток, приказната за Тик Ток со две реченици: оваа социјална мрежа е започната во Кина во 2017 година, а на членовите им беше дозволено да користат 15 секунди  туѓа музика за да направат свое видео. Значи, започна со пеење на караоке, и заврши со теми и вокабулар што воопшто не се за деца.

Денес го користат најголемите sвезди и има околу милијарда корисници. Го има во 150 земји.

„ТикТок“ постојано потсетува дека никој под 13 години не треба да ја инсталира оваа апликација на својот телефон, но не постои можност да се провери возраста на корисникот. Бидејќи се случија трагичните случаи, многу земји ја разгледуваат можноста за забрана на оваа мрежа за деца. И тинејџерите се во голема опасност, а родителите ширум светот се прашуваат – зошто младите толку многу го сакаат „ТикТок“?

 1. Ова е место без родители. 

Најголемата грешка што родителите можат да ја направат е да не знаат каде се нивните деца. Ако ги отфрлите сите нови технологии, не успеете барем малку да ги достигнете новите трендови, знајте дека на Интернет е скоро исто како да ги оставате сами на улица во непознат град.

2. Тука нема надзор кај возрасни. 

Кој повеќе сака да се „глупира“ од децата и тинејџерите без надзор? Особено ако може да трае „само 15 секунди“ и ништо „да не се случи во реалниот свет“. Додека седи зад вас во автомобилот и се забавува со својот мобилен телефон, детето е изложено на влијанија за кои вие – многу веројатно – знаете многу малку. Дали знаевте дека на „ТикТок“ има поставки што можат да влијаат на тоа како вашето дете ја користи оваа апликација? Можете да воспоставите контрола, како и да се согласите за степенот на контрола со детето и да ја промените по потреба.

3. Славата и популарноста може да се стекнат „за 15 секунди“. 

Да, фигуративно кажано, славата се стекнува за 15 секунди ако видеото што го објави детето стане „вирално“, односно се шири толку брзо што го пренесуваат илјадници луѓе. Сепак, детето не разбира дека оваа слава може да исчезне и преку ноќ и дека ниту нејзиното доаѓање ниту заминување не треба да се сфаќаат сериозно. Родителите мора да му објаснат на детето и да го убедат – не теоретски – туку интимно, на ниво на најдлабоки верувања – дека неговата вредност не зависи од лајкови и дислајкови, преку „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „ТикТок“ – туку дека неговото семејство и пријатели се вистински извор на искрена љубов. Ова не е нешто што може да се постигне преку ноќ, дури ни за 15 секунди, но родителите и сите возрасни мора да вложат доволно време во тоа, со цел да разберат што им е потребно на децата и зошто ги привлекуваат нови социјални мрежи и апликации.