Зошто американските претседатели не одат на крунисувањата на британските монарси?
Лондон– Бајден е повикан на крунисувањето на 6 мај во Лондон, потврдила Белата куќа за Би-Би-Си, но претседателот на САД во телефонски разгобвр со кралот му рекол дека во негово име на церемонијата ќе присуствува првата дама Џил Бајден и дипломатски кор.
Белата куќа не образложила зошто претседателот нема да биде на крунисувањето, но ја пренела неговата желба во иднина да се сретне со кралот во Обединетото кралство.
Би-Би-Си оценува дека непојавувањето на Бајден на најважното случување во Велика Британија „испратило бранови преку барата“.
Пратеникот од Конзервативната партија Боб Сили изјавил за британски Телеграф дека претседателот Бајден делува многу немарно штом е подготвен да го прескокне настанот што се случува еднаш во животот.
Новинарот на таблоидот Мирор Расел Мајерс, пак, за Скај њуз изјавил дека Бајден нема да дојде на крунисувањето затоа што е „непоколебливо горд на своите ирски корени“.
Но, историчарите објаснуваат дека причината за недоаѓањето има помалку врска со политиката и дека е во прашање вековна традиција дека американските претсдатели го прескокнуваат крунисувањето.
Тоа нема врска со идејата дека Бајден е антибритански расположен. Тој не оди затоа што досега ниеден американски претедател не бил на крунисувањата, па зошто би одел сега, во 21. век – вели Лаура Бирс, професорка по историја на Американскиот универзитет.
Таа потсетува дека американско-британските односи пред времето на кралицата Викторија (1819-1901) се одбележани со колонијализмот и со Војната за независност во 1812 година. Стапувањето на Викторија на престолот предизвикало „викторијанска грозница“ преку океанот и нова ера на американска фасцинација од британската монархија, но дури ни тогашниот претсдател Мартин ван Буртен не отишол на церемонијата на крунисување.
– Не било практично американски претседател да патува дури до Европа, а после тоа, едноставно тоа станало традиција – вели професорката по историја.
Трој Бикем, историчар и член на Кралското историско друштво објаснува дека патувањето преку океанот не било практично пред воспоставувањето на трасатланскиот воздушен сообраќај во 1939 година, што било три години пред крунисувањето на Џорџ Шести.
Ајзенхауер и Елизабета
Втората светска војна е преломна точка во дипломатските односи помеѓу САД и Обединетото кралство. Кралот Џорџ Шести и неговата ќерка, тогашната принцеза Елизабета, за време на војната развиле одлични односи со Двајт Ајзенхауер кој бил во сојузничката команда во Лондон и ја надгледувал операцијата на истоварување во Нормандија.
Неколку месеци по смртта на кралот, Ајзенхауер станал 34, американски претседател, а Елизабета Втора стапила на престол. Но, и покрајк нивните блиски врски, Ајзенхауер одбрал да се држи до традицијата и на крунисувањето испратил свои претставници.
Историчарот Сем Едвард забележува дека САД во тоа време биле ангажирани во Корејската војна и дека претседаѕелот бил неопходен во Вашингтон.
Како најдолг британски монарх кралицата Елизабета Втора дочекала и испратила 14 американски претседатели и за време на своето владеење се сретнала со сите од нив. Тројца претседатели за време на своите мандати биле во официјални посети на Велика Британија, а кралицата имала четири државни посети на САД.