Зорана Михајловиќ: Во Украина се случуваат ѕверства, Србија треба да каже дали го поддржува тоа или не


 

Вицепремиерката на Србија Зорана Михајловиќ денеска изјави дека во војната во Украина се случуваат „сериозни работи и ѕверства“ и дека Белград треба да каже дали ја поддржува или не.

Таа за телевизијата Курир изјави дека „факт е дека Русија води освојувачка војна во Украина“.

„Србија реагираше во ОН и ги поддржа резолуциите со кои се осудува рускиот напад врз Украина. Факт е дека Русија води освојувачка војна во Украина и таму се случуваат сериозни работи и ѕверства и треба да кажеме дали ја поддржуваме или не. Ако нашата политика е дека сакаме членство во ЕУ, тогаш треба да размислиме кој е следниот чекор“, изјави вицепремиерката, а пренесуваат од нејзиниот кабинет.

Таа додаде дека „доаѓа време кога мора да се донесат одлуки за тоа каде ќе биде местото на Србија во следните 50 години во новите геополитички околности“.