ЗОО Скопје доби нови жители – пингвини


Зоолошката градина во Скопје е побогата за уште три нови жители. На својот Фејсбук профил, ЗОО објави дека синоќа се пристигнати три пингвини кои во следниот период ќе бидат во карантин за полесно да се приспособат на новото живеалиште.
 
– Малечките другари веќе ја пробаа и водата, се вели во најновата објава на Зоолошката градина.
 
 
Оттаму најавуваат дека следниот период, додека не дојде моментот пингвините да се видат во живо, секојдневно ќе објавуваат фотографии со нив.
 
– Пингвинчињата ќе живеат во современо живеалиште правено по светски стандарди, со голем надворешен базен и внатрешен топол дел со затворен базен. Благодарност до Град Скопје што ни овозможија да имаме ново прекрасно катче во градината, со уште попрекрасни птици за првпат кај нас, велат од ЗОО Скопје.