ЗОИ: Шведската женска штафета освои злaто во биатлон


Репрезентацијата на Шведска во состав Лин Персон, Мона Бронсон, Хана Оберг и Елвира Оберг е победник на биатлонот 4х6 километри на Олимпијадата во Пекинг.

Второто место и сребрениот медал отиде кај штафетата на Русија во состав Ирина Казакевич, Кристина Резцова, Светлана Миронова и Јулијана Нигматулина.

Бронзениот медал им припадна на Германките кои настапија во состав Ванеса Фојт, Ванеса Хинц, Франциска Пројс и Денисе Херман.