ЗОИ: Штролц најбрз во алпска комбинација, го повтори успехот на татко му


 Австрискиот алпски скијач Јоханес Штролц стана олимписки шампион во алпска комбинација (спуст + слалом) на Олимписките игри во Пекинг и така  го повтори она што неговиот татко Хуберт го направи на Зимските олимписки игри во Калгари 1988 година.

Норвежанецот Александар Килд беше втор и го освои сребренито медал, додека , Канаѓанецот Џејмс Крафорд беше трет и се закити со бронза.

Пласман на првите тројца:

1. Јоханес Штролц (Австрија) – 2:31.43 минути (1:43.87 + 47.56 спуст+слалом)
2. Александер Килде (Норвешка) – 2.32.02 (1.43.12 + 48.90)
3. Џејмс Крафорд (Канада) – 2:32.11 (1:43.14 + 48.97).

Интересно е што пролетта минатата година Штролц испадна од австриската репрезентација и од тогаш мораѓе сам да се грижи за подготовките и тренинзите.

Но, со својата прва победа на Светскиот куп, која сензационално ја отвори во јануари на слаломот во Аделбоден, сепак влезе во австриската репрезентација.

Неговиот татко Хуберт пак, никогаш не победил на трека за Светскиот куп, но во Калгари беше олимписки првак во слалом.

Денеска од вкупно 27 скичаји на стартната листа, само 17 ја завршија трката.

Инаку оваа дисциплина веќе две години не се вози во Светскиот куп.