Знаци кои откриваат дека пиете премногу вода


 

Во текот на летните денови сите се трудиме да пиеме доволно вода, но ретко кој внимава на прекумерно внесување на течности што исто така, не е препорачливо.

Внесот на вода зависи од тоа каде живеете односно од климатските услови, годишното време, од телесната маса, здравствената состојба, и од тоа колку сте активни.

Препораките за дневна потреба од течности (вклучувајќи ја и водата и останатите течности внесени со храна и други напитоци) изнесува 3 литри за мажи и 2,2 литри за жени.

Кај поголемите физички активности, повисоки температури на воздухот, во влажни и топли поднебја потребно е да се земаат дополнителни количини вода. Внесот на вода треба да се зголеми за време на бременост и доење и кај некои здравствени состојби како зголемена температура, дијареа и повраќање.

Денот започнете го си чаша вода и пијте течности во текот на денот редовно. Чаша млака вода наутро поттикнува работа на цревата и помага при утринското празнење.

Иако ретко се случува, но може и да се претера со пиење вода, а тоа може најчесто да им се случи на спортистите кои се трудат со сите сили да испијат доволно течности за да моѓе да дадат подобри резултати. Според порталот Healthline, лицата ои имаат болести на бубрезите, црниот дроб или срцето почесто може да искусат претерана хидратација.

Кога некој ќе испие премногу вода ќелиите во мозокот потекуваат, а притисокот во главата расте. Тоа предизвикува први симптоми на интоксикација, кои влучуваат: главоболка, мачнина и повраќање.

Потешки случаи на интоксикација со вода може да произведат сериозни симптоми, како што се: поспаност, мускулна слабост или грчеви, повишен крвен притисок, двоен вид, конфузија и отежнато дишење.

Еден од сигналите дека пиете премногу вода е мачнината, а може да се јави и поваќање, збунетост и дезориентација.

Сериозните сигнали вклучуваат грчење на мускулите или чувство на слабост во мускулите. Може да дојде до напад и губиток на светс, а важно е во овој случај да се обратите кај лекар.