„Златоврв“- поетско читање во чест на Блаже Конески
Во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје денеска ќе се одржи поетско читање насловено „Златоврв“ посветено на великанот на нашата книжевност Блаже Конески.
Ќе настапат Влада Урошевиќ, Михаил Ренџов, Кристина Николовска, Иван Џепароски, Билјана Станковска, Љубинка Донева, Виолета Танчева-Златева, Славчо Ковилоски, Марина Мијаковска и Соња Стојменска-Елзесер.
Читањето е дел од заеднички настан во организација на НУБ „Климент Охридски“, Друштвото на писатели и Фондацијата „Небрегово“ и претставува сегмент од Програмата „2021 – Година во чест на Блаже Конески по повод 100-годишнината од раѓањето“ што се реализира под покровителство на Претседателот и со поддршка на Владата на Република Северна Македонија.