Златната палма за францускиот „Титан“ на Жулија Дукурно

Франција – Триесет и седум годишната-годишната Французинка Жулија Дукурно е втора жена режисер што ја освоила престижната награда – Златната палма по Џејн Кампион во 1993 година за „Час по Пијано“, јави дописникот на МИА.
Тоа е огромна игра на покер, рече Жулија Дукурно во понеделникот за нејзиниот нов филм„Титан “ и за играта на Винсент Линдон, непрепознатлив како пожарникарски капетан.
Спајк Ли и неговото жири за малку ќе го откриеше името на победникот на самиот почеток од церемонијата.
Со доделувањето на престижната награда, синоќа заврши 74. Кански филмски фестивал,кој изминативе 11 дена донесе врвни филмови и црвен килим, но и враќање во киносалите и повторното собирање на светската кинематографија.
Гран-при наградата, според одлуката на жирито ја делат иранскиот режисер Асгар Фархади и финскиот режисер Јухо Кусманен. Најдобар режисер е Французинот Леос Каракс за филмот „Анет“.
Режисерите Надав Лапид од Израел за „Коленото на Амед“ и Апичатпонг Верасетакул од Тајланд добија рамноправно награда од жири.

Режисерите на 10-те кратки филмови во конкуренцијата за Златна палма на црвениот килим пред свеченото доделување на наградите и затворањето на Фестивалот. – Апчевска е втора од лево. (Фото: Гети )
Кејлеб Лендри Џонс е најдобар актер за улогата во австралискиот „Нитрам“ на Џастин Курцел, а Норвежанката Ренате Реинсве е најдобра актерка.
Македонската режисерка Марија Апчевска со филмот „Северен пол“ беше во трка во официјалната селекција за Златна палма за краток филм, но наградата ја доби кинеската режисерка Танг Ји за филмот „Сите гаврани на светот“.
Холивудскиот режисер Спајк Ли годинава беше претседател на жирито, во кое беа и : Мајлин Фармер, Клебер Мендонка Филјо, Меги Џиленхал, Џесика Хауснер, Мати Диоп, Мелани Лоран, Тахар Рахим и Канг-Хо Сонг.