„Зимски МакеДокс“ со проекција и дебата во „Јуроп хаус“ во Струга


Здружението за промоција на документаристика „МакеДокс“ денеска во „Јуроп хаус Струга“ ќе го прикаже документарниот филм „Чуварите на Амазон“, во рамки на „Зимски МакеДокс“.

По проекцијата на филмот, како што најави Здружението, што ќе следи дискусија за заштитата на животната средина, поврзувајќи ги предизвиците на дождовните шуми во Амазон со регионот Охрид-Струга.

Според најавата, говорници на дискусијата ќе бидат Дарко Ќитаноски и Наум Илиески од здружението „Еко-свест“ од Вевчани и Владимир Трајановски од СОС – Охрид.

– Документарниот филм „Чуварите на Амазон“ (We are guardians) на Едиван Гујајара, Челзи Грин и Роб Гробман е потресна приказна на разновидна група домородци кои се трудат да го спасат она што остана од бразилскиот Амазон. Филмот стручно ги сецира економските двигатели кои поттикнуваат големо уништување на животната средина, притоа разоткривајќи ја корупцијата и партиската политика кои тоа го овозможуваат, соопштија од „МакеДокс“.

Влезот на проекцијата е бесплатен за сите заинтересирани посетители, а присуството треба да се потврди.