Зима во скандинавски стил: Како да уживате во куси денови со ниски температури

 

Последниот извештај на Обединетите народи „Светска среќа“ покажа дека најсреќни се луѓето кои живеат на север, а токму од нив можеме да научиме како да ги поднесеме ниските температури, кусите денови и другите промени што ги носи зимата.

Финска, Данска, Норвешка, Шведска и Исланд веќе четири години се на врвот на табелата. Без оглед на тоа дали се во прашање политичките права, чувството на сигурност, еднаквост на половите или довербата меѓу граѓаните, секогаш се на прво место.

Граѓаните на овие земји често се среќаваат со зимски бури, силен ветар и куси денови, но ништо од тоа не влијае на нивната среќа, затоа што знаат како да се носат со зимските услови и нивните искуства може да им послужат на другите, особено на оние на кои зимата им влијае на расположението.

Времето го минуваат надвор

За Скандинавците не постои лошо време, само лоша облека. Сè додека адекватно се облечени, не им е проблем да излезат на ниски температури.

Зима во Шведска

Скијаат и уживаат

Опседнати се со тоа „да убијат време со корисни работи“, па скијачкото трчање стана омилена друштвена активност со која воедно и вежбаат.

Скијање во Шведска

Го осветлуваат просторот

Светлината во просториите многу значи. Со поставување синџири од светилки или со палење свеќи на едноставен начин го разведруваат домот и придонесуваат за зимска идила.

Ја прифаќаат зимската облека

Дозволени се сите комбинации и модни изрази, се додека под тоа носите волна. Волнени чорапи, долна облека, па и волнен градник.

Се подготвуваат едноставни колачиња

Во зимските месеци во Скандинавија популарно е готвењето. Седум видови божиќни слатки секогаш се на масата. Ѓумбир, кардама и цимет ја исполнуваат куќата со пријатни мириси, а уживањето во вкусовите помага да ја пребродат зимата.

Обидете се и вие да зборувате за зимата со помалку негативност и обидете се да уживате во малите работи кои ја прават зимата: готвење, читање, тишина и мир, кога ќе падне снег сигурно и вашето расположение ќе биде многу подобро.