Зидан за Нејмар: Сè може да се случи


Зинедин Зидан навести дека Нејмар би можел да го напушти Пари Сен Жермен во насока Реал Мадрид пред да се затвори прозорецот за трансфер следниот месец.

Според изворите на „Скај Спортс“, „кралскиот“ клуб е во преговори со францускиот шампион за бразилскиот репрезентативец, кој му се придружи на тимот во 2017 година, но сè уште нема ниту една специфична понуда за напаѓачот.
Менаџерот на ПСЖ, Томас Тухел изјави дека го разбира разочарувањето на навивачите од Нејмар откако парижаните успешно ја започнаа својата кампања во Лига 1 против Нимс во неделата.

Говорејќи по поразот од Рома на пенали во неговиот последен предсезонски натпревар, Зидан не ја исклучи можноста Нејмар да премине на „Сантијаго Бернабеу“ во следните три седмици, сè додека трансфер прозорецот не се затвори за сите европски клубови.

– Нејмар не е во нашиот состав, но до 2 септември, сè може да се случи. Размислуваме само за играчите што ги имаме во моментов, изјави Зидан.