Зидан: Ни треба победа над Бриж за да ја вратиме наклонетоста на навивачите


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ги сподели своите очекувања од средбата со Бриж во 2. коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Тој најави игра на победа со цел враќање на довербата кај навивачите.

– Навивачите ќе играат многу важна улога. Знаеме дека започнавме многу слабо во Лигата на шампионите, но ова е добра шанса да ја вратиме нивната наклонетост. Тие заслужуваат да бидат израдувани, изјави Зидан.

Францускиот стручњак уште еднаш ја потенцира важноста на мечот со белгискиот претставник во елитното натпреварување.

– Треба да играте напорно во моменти кога противникот ќе ја има топката. Поседувањето топка овозможува создавање шанси. Мора да запомниме дека овој меч е многу, многу, важен за нас. Само победа е опција, затоа што сега го заземаме последното место во групата. Тоа е реалноста, истакна Зидан.

Натпреварот Реал – Клуб Бриж ќе се игра вечер во Мадрид со почеток во 18 часот и 55 минути.