Зибери ќе воведе социјална пензија за жени без работен стаж


Фото: Б. Грданоски

Насер Зибери, кандидатот на ДУИ за премиер, денеска рече дека една од неговите први активности ќе биде да се воспостави социјална пензија за сите жени кои досега немале можност да остварат право на работна пензија.

-Сакам да се осигурам дека дури и оние кои никогаш немале службено работно место, но придонеле подеднакво, па дури можеби и повеќе од кој било од нас, нема да останат со празни раце. Зборувам за оние што честопати се забораваат – за нашите мајки и баби кои работеле еднакво посвететно како и ние мажите кои нѐ одгледуваа и поддржуваа, а кои што не добиваат државна пензија бидејќи нивната работа никогаш не била официјална, потенцираше Зибери.