Зибери: Чаир со најмногу заболени во Скопје, Зелениково нема ни еден слуај


Директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери на денешната прес-конференција посочи дека во моментов во Скопје се 659 активни случаи.

Центарот за јавно здравје Скопје, активно ја следи состојбата со ковид-19 на подрачјето на Скопје и ги презема сите активности според протоколите, рече претседателот на ЦЗЈ, Арбен Зибери на денешната прес-конференција во Владата.

-Позитивните и заболените лица се анкетираат и се откриваат нивните контакти, се прават анкети за сите и се пријавуваат истите до Државниот санитарен инспекторат, кои изготвуваат решенија за самоизолација. Оние кои се позитивни без симптоми, се оставаат во самоизолација во домот, а другите се испраќаат на Инфективна или во ГОБ „8 Септември“ – рече Зибери.

Од вкупната бројот за заразени во Скопје се регистрирани 1.332 случаи, рече Зибери, и 40 починати.

-Од сите активни случаи на територија на Скопје, многу важно е да се напомене дека 65 отсто од заболените, односно 360 лица се асимптоматски носители на вирусот – рече Зибери.

Тој ги соопшти и општините каде има активни случаи:

Чаир – 169
Бутел – 63
Гази Баба – 61
Аеродром – 57
Сарај – 56
Карпош – 45
Кисела Вода – 35
Арачиново – 23
Студеничани – 19
Илинден – 18
Ѓорче Петров – 20
Шуто Оризари – 17
Петровец – 6
Чучер Сандево – 3
Сопиште – 2
Во општина Зелениково досега нема ниту еден регистриран.