Жозеп Борел пристигна во Скопје на почетокот на неговата балканска турнеја
Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска на скопскиот аеродром, го пречека потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешни работи, Жозеп Борел.
Маричиќ му посака добредојде на Борел и успешни средби што ќе ги оствари со највисоките државни претставници во текот на утрешниот ден.
Ова е прва официјална посета на Борел на Македонија, како висок претставник на ЕУ, во чии рамки ќе оствари средби со со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, претседателот на Собранието, Талат Џафери, министрите за надворешни работи и одбрана, Бујар Османи и Славјанка Петровска.