Жозеп Борел објави дека е во самоизолација поради Ковид-19


Белгија– Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, објави дека е во самоизолација по информација дека член на делегацијата на ЕУ со кого минатата недела отпатувал во Етиопија бил позитивен на Ковид-19.

„Мојот тест во неделата беше негативен. Во согласност со правилата, јас сум во самоизолација и ќе направам уште еден тест“, објави Борел на Твитер.

Европската комисија соопшти дека над 160 вработени во таа институција биле тестирани на вирусот.

Комесарот за проширување на Унијата, Оливер Вархелји, во моментов е во самоизолација по враќањето од посета на Западен Балкан, откако беше наведено дека некој од неговата придружба е позитивен на Ковид-19.