Жорди Алба се жртвува за Лионел Меси, потпиша предвремен раскин на договорот со Барселона


Поранешниот стандарден лев бек на Барселона, Жорди Алба (34) потпиша предвремен раскин на договорот со каталонскиот клуб.

Шпанскиот репрезентативец имаше договор со Барселона до крајот на следната сезона, но реши „дека е најдобро да си замине“, а од 1 јули ќе биде слободен играч.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Алба се одлучила на овој потег за да и помогне на Барселона да го доведе Лионел Меси.

Каталонскиот клуб мора да ги „исчисти“ платите или преку распродажби, или преку меѓусебно договорени раскинувања на договорите со играчите, а потегот на Алба барем малку ќе помогне во тоа. Алба е свесен дека следната сезона би играл помалку, а ќе бара нов клуб и воедно ќе и помогне на Барса со ослободување на платата во салари капа.

Алба во Барселона пристигна во 2012 година од Валенсија, а со каталонскиот клуб освои шест титули во шпанскиот шампионат, пет Кралски купови и една Лига на шампиони.

Вкупно за Барса одигра 458 натпревари, а оваа сезона настапи 29 пати.