Жолт метео аларм во Белгија во очекување на силен ветер


 На целата територија на Белгија денеска е прогласен жолт метео аларм во очекување на силен ветер кој во некои делови на земјата би можел да достигне и до 80 километри на час, јави дописникот на МИА од Брисел. 

Како што соопшти белгискиот Кралски метеоролошки институт (РМИ), зајакнувањето на ветерот почна уште во текот на минатата ноќ и во текот на денешниот ден генерално ќе биде во налети од 65 до 75 километри на час. 

Во одредени делови на земјата силниот ветер ќе биде проследен и со врнежи од дожд. 

Според најавата на РМИ, предупредувањето за жолт метео аларм ќе трае до вечер до 20 часот.