Животот не се мери во спектакли и гламур. Тоа најдобро го знае Никола Ристановски


Со својот маркантен изглед и став, нашиот најнаградуван актер во театарот и на филмот, Никола Ристановски, раскажува нова приказна што значат секунда храброст, минута љубов и еден час надеж, дека животот не се мери во спектакли и гламур и дека највредните моменти се тивки… во пролетната имиџ кампања за швајцарски бренд на машки рачен часовник. Секој маж заслужува часовник со кој ќе се гордее. Дури и Ристановски.

Кампањата е потсетник дека вредноста на животот не е во надворешниот сјај или гласните настани, туку во тишината и спокојот на моментите кои ги делиме со најблиските.

Во новото видео, Ристановски нè води низ интроспективно патување каде секојдневието станува уметност. Преку неговата нарација, брендот нè потсетува на магијата на кафето во омилената шолја – послужено со внимание, на песните кои будат спомени и на разговорите кои ни ја полнат душата.

„Уна“ со Никола Ристановски го воодушеви Белград: Министерот Љутков на премиерата во театарот „Звездара“

Актерот кој приватно не се експонира, ама професијата тоа му налага, сѐ почесто го гледаме во нова „улога“, досега непозната. Како јавна личност, која позира како своевиден бренд, со својата појава, поза и ставови, професионалност и точност е вистински репрезент на новата кампања, во која доловува моменти,со малку зборови, да каже многу. Зашто времето е скапо, а особено за него, кој денес, се буди во Скопје, утре во Белград, пред тоа во Венеција и во Калкута. Чудни се патиштата Господови…. (Л.С.)