„Животот е убав“- традиционалниот концерт на Филхармонија во знакот на музиката од италијанските филмови


Фото: Б. Грданоски

Традиционалниот концерт на Филхармонијата во Градски парк во Скопје оваа година ќе биде посветен на музиката од италијанските филмови. Насловен „Животот е убав“, тој ќе се одржи на 15 јуни од 21 часот, а изведбата ќе биде проследена со видеопроекции.

На програмата се „Омаж на Федерико Фелини“, суита од „Кум“, „Љубовна тема“ од „Ромео и Јулија“, музиката од филмови како „Јулија и духовите“, „Анонимен венецијанец“, „Кучешки свет” и „Животот е убав“ и компилација на теми на Енио Мориконе.

Диригент е Миријан Хухунаишвили од Грузија, а како солисти ќе настапат сопранот Саломе Џикија (Грузија), Марио Стефано Пјетродарки на бандонеон (Италија) и хорот „ПроАрс“.