Живеела на сок 40 дена: За православен пост пиела само цедено овошје, што мислат лекарите за тоа?


Диетата базирана на овошје вклучува и семки и јаткасти плодови, но оваа Австралијка пиела само сок од портокал!

Фрутаријанците сметаат дека исхраната треба да се заснова, пред сè, на овошје, на кое додаваат семки и јаткасти плодови, но не користат храна од животинско потекло.

Ен Озборн од Квинсленд, Австралија е верна на овоштарската исхрана многу долго време и тврди дека ги хранела и своите два сина кои сега се возрасни момчиња.

Посебно медиумско внимание привлече со приказната како 40 дена за време на православниот пост пиела само сок од портокал.

Лекарите се против оваа диета, бидејќи овоштарите често имаат ниско ниво на витамин Б12, калциум, витамин Д, јод и омега-3 масни киселини. Додека недостатокот на калциум може да предизвика остеопороза, недостатокот на други основни хранливи материи носи ризик од анемија и ослабен имунолошки систем. Сепак, Ана тврди дека се чувствувала одлично.

„За време на овој пост можев да се погледнам себеси, бев полна со енергија и одлично здравје“, вели Ен. Таа пие од литар до литар и половина сок дневно и користи најобичен старомоден соковник. Посебно сака црвени портокали.

Витаминот Ц е од големо значење за здравјето на организмот, но Ана понекогаш пиела и по 5 литри. Ова ја зголемува количината на витамин Ц на над 2.000 mg, а лекарите предупредуваат дека оваа доза може да доведе до здравствени проблеми. Киселината во портокалите влијае и на забната глеѓ и може да предизвика рефлукс.

Поголемото количество шеќер во овошјето може да предизвика и гликемиски скокови, па затоа најдобро е да го јадете целото или да пиете сок со овошна каша.