Жителите на рускиот град Екатеринбург една недела прават пениси од снег


 

Невообичаени скулптури почнаа да се појавуваат во различни области на рускиот град Екатеринбург по неодамнешните снежни врнежи. Благодарение на локалните и федералните медиуми, ова се претвори во нов флеш моб, пренесува руската веб-страница 66.ru

На 30 октомври непознати лица направија голема скулптура на пенис во паркот под прозорците на Операта и зградата на Федералниот универзитет Урал. Скулптурата набрзо ја отстранија комуналните работници со помош на трактор.

Градоначалникот на Екатеринбург, Алексеј Орлов, ја нарече практиката на локалните жители да прават пениси од снег „срамна“, а заменик-градоначалникот Алексеј Бубнов, одговорен за јавни работи и чистење на улиците, ја повика полицијата да се вклучи во борбата против снежните луѓе.

После тоа, снежните скулптури на членовите почнаа да се појавуваат во различни области на градот: во близина на Државниот транспортен универзитет Урал, микрообласта Заречни, насипот на реката Исет, во парк во близина на ледената арена во изградба, во близина на Политехничкиот колеџ.

Градоначалникот на Екатеринбург рече дека комуналните служби ќе ги уништат таквите скулптури: „Тука нема што да се коментира. Ова е срамота“.