Жителите на „Јака“ со автомобили ќе го „будат“ градоначалникот на Илинден
Жителите на населба „Јака“ денеска од 11 до 13 часот протестираат со возила во движење низ општина Илинден, во знак на револт поради тоа што општината ги игнорира проблемите со кои се соочуваат: немање канализација, непробиени и неасфалтирани улици, немање јавен превоз, немање улично осветлување…
Протестот ќе почне од населба „Јака“, ќе продолжи пред зградата на Општина Илинден и по трасата на следниве улици: од улица „406“ кон улица „8“, од улица „8“ лево кон улица „9“, со 15-20 минутно задржување пред општинската зграда со свирење од возилата; потоа од улица „532“ кон „Кам маркет“, после мостот кон „Комерцијална банка“, по улица „500“ кон улица „406“ каде ќе заврши протестот.
Со свирежите од автомобилите, жителите на „Јака“ симболично ќе се обидат да го разбудат градоначалникот Жика Стојановски од “зимскиот сон“ кој му трае веќе 9 години, во кои цело време има мандат, но не реши ниту еден главен инфраструктурен проблем во населбата ниту некогош дојде лично да ги виде условите за живот.
Протестот трае континуирано веќе цел месец, по еден ден во неделата и досега беше пред зградата на општината. За цело време на протестот, градоначалникот Стојановски ниту еднаш не излезе да им се обрати на жителите на „Јака“.
„Јака“ е населба во општина Илинден, во која покрај помпезната најава дека ќе биде елитна, се уште се живее со септички јами, во мрак, во кал до колега, без јавен превоз до населбата, без превоз за децата кои одат во училиште, со необележани улици, без можност за непречен пристап на Брза помош или противпожарно возило.
Протестот ќе продолжи и во иднина,преку акции соодветни на ситуацијата и односот на локалната власт кон жителите на „Јака“.