Жителите на Гази Баба да пријават штети од синоќешното невреме



По синоќешното невреме што зафати делови од Општината Гази Баба, има многу паднати дрвја и гранки, кои нанеле штети најмногу на паркирани возила.
Поради тоа, од општинското комунално претпријатие повикуваат граѓаните да ги пријават штетите.
„Екипите на ЈКП “Гази Баба 2007” по вчерашното невреме проследено со силен ветар и дожд вршеа интервенции до доцна во ноќта и тоа на шест локации на територија на Општина Гази Баба во населбите Автокоманда, Керамидница, Хиподром и Ченто.
За таа цел апелираме до жителите на Општина Гази Баба доколку забележат дрва кои што се оштетени од вчерашното невреме веднаш да пријават, се со цел навремено отстранување на истите“, велат од ЈКП “Гази Баба 2007”.