Жените од Шуто Оризари ќе добијат гинеколог – ќе остане ли подолго?


Министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека жените од Шуто Оризари ќе добијат гинеколог. Д-р Божидар Бошковски е искусен гинеколог, кој ќе се грижи за нивното здравје и ќе им биде на располагање на сите пациентки од оваа општина.

– Проблемот го решивме, откако ќе завршат административните формалности тој ќе почне со работа. Најважното е тоа што пациентките ќе можат навремено да ги извршуваат своите гинеколошки прегледи. Продолжуваме и понатаму да водиме грижа и вистинска здравствена политика за сите пациенти, напиша Филипче на социјалните мрежи.

https://www.facebook.com/zdravstvomk/posts/3534824179908079

Долги години претходно, жените од Шуто Оризари одеа кај гинеколози во други делови од Скопје. Потоа, гинеколошката амбуланта во Шуто Оризари почна со работа, кога здравствените услуги ги понуди д-р Вјолца Мбира, која е специјалист со долгогодишна искуство во американска болница во Албанија. Докторката не знаеше македонски јазик, но во комуникацијата со пацинетите требаше да ѝ помага медицинската сестра.

Но, и оваа докторка ја напушти ординацијата во Шуто Оризари и тамошните жени останаа без гинеколог.

По неколку обиди на власта да обезбеди гинеколог за жените од овој дел на Скопје, сега на тоа се нафатил лекарот Бошковски, чија ординација се надеваме ќе потрае. Под простот на Филипче на Фејсбук, жители на Општината Шуто Оризари изразуваат неверување дека нивниот проблем конечно е решен. Така, еден корисник на социјалните мрежи нашишал: „Еден месец и пак нека си оди, да не ја расипуваме традицијата“.